Буџетот за култура, годинава изнесува 3 милијарди, 462 милиони, 483 илјади денари. Тој е поголем од минатогодишниот буџет за над 7%, велат за Телма од Министерството за култура.

Бројките покажуваат дека буџетот за култура во 2020 година е поголем од буџетот во 2019 година за 7, 33%. Согласно Стратегијата за развој на културата, годинава приоритети за подршка остануваат заштитата на културното наследство, музичката и драмската програма, како и афирмацијата на земјава во меѓународни рамки, а до 6 февруари ќе бидат објавени резултатите по конкурсите за подршка на проектите со Годишната програма, за да се запази законскиот рок за објавување, најдоцна 45 дена по усвојувањето на државниот буџет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.