Во Националната галерија на Македонија, во два објекти – Чифте амам и Мала станица Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) на први декември, во 20 часот ќе одбележи голем и значаен јубилеј – 75 години од формирањето и постоењето на Друштвото.
Ќе биде отворена голема јубилејна изложба на членови на ДЛУМ од неговото основање до денес. На изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кој што го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па се до новата генерација која што ја претставува иднината на ДЛУМ. Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј, велат од ДЛУМ.
Изложбата се реализира во соработка со Национална галерија. Воведниот текст во каталогот е на претседателот на Уметнички совет на ДЛУМ Дијана Томиќ Радевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.