Со голема изложба на своите членови од основањето до денес, Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) утре, на први декември ќе одбележи 75 години постоење. Јубилејот ќе се слави со поставки во два објекта на Националната галерија – Чифте амам и Мала станица. Свеченото отворање е во 20 часот во Чифте амам, а истиот ден може да се посети и поставката во Мала станица.

На изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кој што го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па се до новата генерација која што ја претставува иднината на ДЛУМ. Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј, соопшти организаторот.

Во согласност со протоколите за заштита од ковид -19, приемот на посетители ќе биде во период од 19-21:50 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.