Поднесовме иницијатива во врска со постапувањето на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, со што побаравме одговорност и да го разреши, истакна денеска Владимир Георгиев членот на антикорупциската Комисија прашан дали добиле одговор од Владата за барањето на Државната комисија за спречување корупција.

Информираше дека од Владата добиле одговор дека поради пандемијата не именувала друг директор но и дека не наведуваат дека ќе го разрешат. Од Владата им посочиле дека одговорноста која ја побарала ДКСК е предмет на позитивното законодавство во државата и дека тоа е во надлежност на други органи.

Ние сметаме дека Владата е надлежна, бидејќи според законот за филмска дејност Владата е таа што го именува и го разрешува директорот. Оваа претставка е доставена и до вицепремиерот за корупција и очекуваме да видиме што ќе се случи, истакна Георгиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.