…Каков прекрасен филм, целата комисија беше видно импресионирана од вашето дело. Ве молам примете ги моите честитики. Ве молам примете ја мојата покана за учество на филмот со вашиот фантастичен каст и екипа. Многу ќе бидам среќен да ве дочекам на црвениот тепих со вашиот фантастичен филм.” – вели Dieter Kosslick, директор на Бериенале, берлинскиот филмски фестивал во пораката упатена до екипата на македонскиот филм „Господ постои, името и е Петрунија“.
Најновиот филм на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија” кој е во главната конкуренција на престижниот Берлински Филмски Фестивал, својата премиера пред интернационалната публика ќе ја има на 10-ти февруари, а ќе биде прикажан 8 пати во текот на фестивалските денови.
Премиерата ќе биде во главната сала на Берлинскиот Филмски Фестивал Berlinale Palast, чиј капацитет е 1800 гледачи. Истовремено, во последните две недели беше потврдена и продажбата и дистрибуцијата на филмот во Франција, која е закажана за 26-ти април од страна са агентот за продажба Пирамид. Всушност, ова е само трет македонски филм кој добива целосна кино дистибуција во Франција.
По неговата голема премиера во рамките на Берлинале, кој инаку се одржува од 7 до 17 февруари, пред македонската публика за прв пат ќе биде прикажан во текот на месец март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.