Оперскиот пејач Игор Дурловски преку Фејсбук сподели соопштение кое било поставено пред службениот влез на Македонската опера и балет (по ново Национална опера и балет).
Во него стои дека доколку вработените во НОБ и хонорарците ги хранат мачките низ објектот, ќе бидат казнети.
Вработените ќе бидат дисциплински казнети, додека за хонорарците ќе се преиспитува дали е неопходно од нивниот натамошен ангажман во институцијата.
Сето ова преку соопштение го наредил директорот Васо Ристов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.