По само една година од формирањето на Албанскиот државен ансамбл во Македонија, неговиот директор Фатос Љумани си поднел оставка откако дознал дека Министерството за култура нема да му го продолжи мандатот, јавува ТВ 21.
Државниот секретар Ваљмир Азири изјавил дека за време на мандатот на Љумани тој не успеал да направи ништо особено, додека пак директорот во оставка бил разочаран од комуникацијата со ресорот и дека не можел да ги користи средствата иако буџетот за една година бил околу еден милион евра. Институцијата се формираше пред една година, а лани го одржа првиот концерт во ноември.
Имајќи предвид дека од назначувањето на директорот, односно екс-директорот, помина една година и имајќи ги предвид реакциите кои пристигнуваат од незадоволните страни поради работата на екс-директорот на Ансамблот, и имајќи предвид дека една тукушто формирана институција со буџет од 1 милион евра, не успеа да реализира ништо, мислевме дека е неопходно ние како Министерство за култура да направиме чекор и да назначиме нов директор, изјавил Асани.
Новиот директор ќе биде назначен по претседателските избори. Од Министерството за култура велат дека конкурсот за вработување на 40 лица во ансамблот ќе биде објавен на 10 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.