Македонските актери го кренаа гласот против предложената програма на Македонскиот народен театар (МНТ).

Како што реагираат, институција со реноме, каква што е МНТ, не заслужува да има толку штура програма.

Програмата на МНТ за оваа година во еден збор штура, да не употребам потежок збор. Барем се надевам дека колегите ќе успеат да ги извадат проектите, знаејќи колку им се работи. Се моли дирекорката да не го спушта нивото на МНТ на ниво на драмска секција од Кадрифаково!!! Без култура, нема иднина – реагира Славиша Кајевски.

Со свој коментар се огласи и Тони Михајловски, кој коментира дека со оглед на неквалитетот на предложената програма, ќе било подобро за МНТ таа воопшто да не била донесена.

Програмата за (не)култура, каква што е никаква, требаше да ја задоцнат 22 години а не 22 дена – напиша Михајловски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.