Годинешното 6. издание на Џез-фактори фестивал во Битола, ќе се одржи од 13. до 15. април во Битола, а пред присутните ќе настапат познати и веќе реномирани имиња од светот на музиката. Фестивалот кој ќе се одржува во Битолскиот театар ќе биде отворен на 13. април со Баба Сисоко од Африка, Тони Китановски од Македонија и Васил Хаџиманов од Србија кои овој пат ќе ги видиме во оригинален проект специјално креиран токму за Џез-фабрика.

Следува настапот на Славен Љујиќ триото од Црна Гора и Баптист Хербин од Франција. Триото пред неколку месеци го објави својот деби албум. Следниот ден ќе настапат Милан Петровиќ квартетот од Србија и Liquid Carpet од Словенија. Последниот ден во Битолскиот театар ќе биде доделена наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2022 во соработка со Општина Битола, по што следува настапот на Vertitur, non mutatur и Џијан Емин од Македонија.

Програмата на фестивалот веќе започна на 8. април со изложбата на фотографии под наслов “5 години Џез Фестивал во Битола“ на Даниел Ѓурчиновски. На 13.април како дел од споредната програма во кафе бар Порта џез ќе настапи „Арно Гарофе Фарас квартет“. Следниот ден е резервиран за конференцијата RJFB France- Balkan Jazz Network, (12 часот) во Pub Bourbon Street.

Вечерта, пак, во Камарите ќе настапи Иле Косата заедно Стефан Тасевски. Последниот ден од фестивалот (13 часот) ќе настапат “United Group Department feat“ Леана Таќи од Македонија, во Камарите. Јован Цветковиќ, Филип Стипшиќ, Емил Ејупи и Теодор Јаневски со Леана Таќи ќе ве поведат на музичко патување низ различните историски периоди на џез културата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.