Од денеска до 6 декември ќе се одржи 11. издание на Мобил филм фестивал. Деведесет филмови од целиот свет, поделени во три програми, ќе бидат бесплатно достапни на VoD платформата Cinesquare.net, во 13 земји во регионот.
Поради ковид-ситуацијата, годинава одлучивме фестивалот да се реализира исклучиво со онлајн-програма. Мотото на фестивалот е „Размислувај поразлично“. Сите филмови на фестивалот, благодарение на платформата Cinesquare.net се достапни во 13 земји во регионот. Со тоа Мобил филм фестивал од годинава прераснува во регионален филмски фестивал. Голем интерес покажаа филмаџии од цел свет за да учествуваат на нашиот фестивал, велат од продуцентската куќа „КТ-Филм и Медиа, организатор на фестивалот, кој е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.
Организаторите информираат дека се селектирале 22 филма во официјалната конкуренција, 36 – ковид-програма, 31 од анимирана програма.
Традиционално, ќе бидат доделени награди за најдобрите филмови. Најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“, за најоригинална приказна и најинвентивен филм.
За наградите ќе одлучи тричлено жири во состав: Горан Наумовски, кинематографер и професор на универзитетот „Еуропа Прима“, Карл Бардош, филмски режисер и продуцент со богата професорска кариера на многу американски универзитети, а е посебно фокусиран на филмовите снимени со мобилен телефон. Неговиот курс Cell Phone Cinema се смета за најиновативен курс во академската 2019/2020 година во САД. Третиот член на жирито е филмскиот критичар Златко Ѓелевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.