Детскиот оддел на НУ Библиотека „Григор Прличев“ деновиве е збогатен со уште шест книги кои ги чекаат новите читатели.
Се работи за следните интересни наслови:„Новиот цар“ од Томислав Османли. Овае првиот драмски текст кај нас на тема од Библијата. Османли ја разработува приказната за раѓањето на Исус.
„Аги и Ема“ е насловот на книгата од авторот Игор Коларов. Најавена е како нежна приказна за едно вистинско пријателство.
„Вистинската приказна за двете соседни кралства“ е исто така интересна приказна срочена од Марија Костадиновска.
На полиците на Библиотеката можат да се најдат и останатите три наслови: „Брзалки без врзалки“ од Стојан Тарапуза, „За секоја буква приказна“ од Владо Димовски која е за децата од претшколска возраст.
Последен предлог за оваа среда е книгата „Дете мое“ од авторките Хилде Хагеруп и Кристин Роскифте.
Издавачи се: Детска радост, Либи и Литература мк
Потсетуваме дека годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
Пултот за издавање во библиотеката работи секој ден од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.