НУ Музеј на македонската борба за самостојност го реализира проектот „Фокус“ (FOCUS – Fostering Of Capacities for Unique Senses experience for visitors) за унпаредување на инклузивноста и пристапноста на постојаната поставка, преку креирање музејски содржини достапни за сите.
Десет музејски предмети се претставени преку тактилни слики и опис на Брајово писмо, фотографија и краток текст. За предметите изработени се видеа на знаковен јазик и аудио приказни со кои посетителите ќе имаат можност да слушнат и дознаат повеќе информации за предметите, без оглед на попреченоста.
Аудио и видео материјалите се достапни на нашата веб локација, на социјалните медиуми и на YouTube, како и во галерискиот простор каде поврзувањето е овозможено со скенирање на QR код.
Тактилната изложба е поставена во Музејот на македонската борба и може да се посети секој ден освен понеделник од 10 до 18 часот со почитување на протоколите за работа во услови на Ковид.
Проектот „Фокус“ е поддржан од Балканска музејска мрежа (Balkan Museum Network) преку програмата за мали грантови и Хедли траст од Велика Британија, соопштија од Музејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.