Во петок почнува првото издание на онлајн интернационалниот алтернативен фестивал „Тетарски европски алтернативи” STURM UND DRANG. Оваа година фестивалот ќе претстви над 70 артисти во различни уметнички области. Публиката ќе има можност да гледа 11 театарски продукции во интернационална и студентска програма од: Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија, Словенија, Словачка, Италија, Франција, Австрија и Англија.
Во програмата „Нов бран“ ќе се претстават 12 македонски уметници во 4 категории: поезија, музика, дизај на постер и фотографија. Исто така ќе се претстават млади автори со нивните нови драмски дела на настанот “Скопските шепоти, крици и драматизирања” во продукција на Македонски центар ИТИ.
Во рамките на студентската програма ќе ја погледнеме „Универзитетската конференција” на која ќе учествуваат седум универзитетски професори од седум различни држави. На последниот ден од фестивалот ќе го погледнеме настанот „Едноминутна актерска игра” на девет студенти по актерска игра од различни држави и краткиот видео префромансот на актерот Петар Милошевски кој е создаден за време на полицискиот час.
За време на фестивалот ќе бидат одржани две онлајн работилници и еден мастер клас за актери и режисери.
Фестивалот ќе трае од до 23 септември.
Затворањето на фестивалот ќе биде во МКЦ со изложба на програмата „Нов бран“ и доделување на наградите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.