Во Кинотеката од 21 до 25 јуни ќе се одржат деновите на современ мексикански филм. Станува збор за филмови од поновата мексиканска продукција, а програмата се реализира со поддршка на Амбасадата на Мексико во Белград, во соработка со Кинотеката.
21 ЈУНИ (ПЕТОК) 20 часот
НЕ Е ВИНОВНО ДЕТЕТО
(¿Qué culpa tiene el niño?)
Игран филм, Мексико
2016, 105 мин., колор, ДЦП
Режија и сценарио: Густаво Лоза (Gustavo Loza)
Улоги: Карла Соуза, Рикардо Абарка, Басини Сегура (Karla Souza, Ricardo Abarca, Biassini Segura)
Мару е успешна девојка која неодамна била оставена од нејзиното долгогодишно момче за кое таа сметала дека еден ден ќе се омажи. По една пијана вечер, на свадбата на нејзината пријателка, Мару ќе остане бремена и ќе мора да се сети со кого била таа ноќ.
Со помош на нејзините пријателки, таа дознава дека татко на нејзиното дете е едно неискуно и невработено 19-годишно момче. Ќе бидат принудени да стапат во брак, под присила на традицијата и стереотипите.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
22 ЈУНИ (САБОТА) 20 часот
ПОЧЕТОКОТ НА ВРЕМЕТО
(El Comienzo del Tiempo?)
Игран филм, Мексико
2014, 110 мин., колор, ДЦП
Режија и сценарио: Бернардо Арелано (Bernardo Arellano)
Улоги: Aнтонио Перез Карбахал, Берта Оливиа Рамирез, Франческо Бареиро (Antonio Pérez Carbajal, Bertha Olivia Ramírez, Francisco Barreiro)
Антонио и Берта се постара двојка во деведесеттите години од нивниот живот, кои ќе се најдат во неволја кога нивните пензиите ќе им бидат сопрени заради социјалната и финансиската криза во земјата. Со оглед на тоа што долго време не ги виделе нивните две деца, тие ќе се соочат со преживување во тешките услови на суровата реалност и тоа преку продажба на нивните лични предмети и ситниот криминал. Животот на постарата двојка се менува кога синот Хонас и внукот Пако, по десет години, неочекувано ќе се појават во нивниот живот.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
23 ЈУНИ (НЕДЕЛА) 20 часот
ГЕНЕРАЦИЈА СПИЛБЕРГ
(Generación Spielberg)
Игран филм, Мексико
2013, 110 мин., колор, ДЦП
Режија и сценарио: Хибран Базан (Gibrán Bazán)
Улоги: Бруно Бишир, Силвија Карусиљо, Софи Гомез, Алехандро Дуран (Bruno Bichir, Silvia Carusillo, Sophie Gómez, Alejandro Durán)
Пет поврзани приказни. Љубовници ќе се обидат да останат 24 часа во нивната постела, обидувајќи се да наликуваат на Јоко Оно и Џон Ленон. Една девојка е заглавена во лифт во една зграда, заедно со еден поштар и сметководител. Група писатели инхалираат мескалин во едно комбе и се враќаат во времето. Психоаналитичар се заклучува себеси во бањата во обид да изврши самоубиство. Една директорка и мајка се заклучува во шпајзот во нејзината фирма. Сите тие се поврзани меѓу себе и комуницираат преку нивните мобилни телефони.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
24 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20 часот
КОГА ЌЕ СЕ ВРАТАТ ДЕЦАТА
(Cuando los Hijos regresan)
Игран филм, Мексико
2017, 100 мин., колор, ДЦП
Режија: Хуго Лара (Hugo Lara)
Сценарио: Клаудија Гонзалес-Рубио, Хуго Лара (Claudia González-Rubio, Hugo Lara)
Улоги: Фернандо Лухан, Кармен Маура, Сесилија Суарез, Ирене Азуела, Франциско де ла Регера (Fernando Luján, Carmen Maura, Cecilia Suárez, Irene Azuela, Francisco de la Reguera)
Пензионерска двојка ќе мора да си го одбрани домот против заканата од враќањето на нивните деца.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
25 ЈУНИ (ВТОРНИК) 20 часот
ТОВАР
(La Carga)
Игран филм, Мексико
2016, 94 мин., колор, ДЦП
Режија: Алан Хонсон (Alan Jonsson)
Сценарио: Алан Хонсон, Артуро Руиз Серано (Alan Jonsson, Arturo Ruiz Serrano)
Улоги: Мариа Валверде, Хорасио Гарсија-Рохас, Ерик Францес, Герардо Тарацена, Еусебио Лазаро (María Valverde, Horacio García-Rojas, Eric Francés, Gerardo Taracena, Eusebio Lázaro)
Доцен шеснаесетти век. Еден Индијанец од племето Тамеме и благородничка бегаат низ шумите на Новиот свет барајќи ја нивната слобода. Нивното избезумено патување ќе ја ублажи тензијата меѓу нив и ќе ги надмине разлики, а тоа ќе прерасне во интимна врска што ќе го загрози нивниот опстанок.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.