Програмата на Денови на словенечката култура е подготвена во соработка со Словенечкиот филмски архив при Архивот на Република Словенија, Словенечкиот филмски центар, Амбасадата на Република Словенија во Скопје, и Словенечкиот Културен Центар во Скопје.
Манифестацијата Денови на словенечка култура ќе не потсети на опусот на словенечкиот автор Франце Штиглиц, кој е режисер и на два македонски долгометражни играни филмови од пионерскиот период на нашата кинематографија – ВОЛЧА НОЌ (1955) и ВИЗА НА ЗЛОТО (1959).
7 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК), 20:30 Ч.
НА СВОЈАТА ЗЕМЈА
(Na svoji zemlji / On Our Own Land)
Игран филм, Словенија
1948, 110 мин., црно-бел, ДЦП
Режија: Франце Штиглиц (France Štiglic)
Сценарио: Цирил Космач (Ciril Kosmač)
Улоги: Лојзе Потокар, Франц Пресетник, Милева Закрајшек (Lojze Potokar, Franc Presetnik, Mileva Zakrajšek)
НА СВОЈАТА ЗЕМЈА е првиот словенечки долгометражен игран филм, снимен според романот на Цирил Космач, и учесник во натпреварувачката селекција на Канскиот фестивал во 1949 година.
Приказната на филмот се случува на словенечкото крајбрежје на Јадранот, во втората половина на Втората светска војна. Мештаните од типичните приморски места на Истра првин биле под окупација на италијанската фашистичка војска, а по капитулацијата на Италија во 1943 година, под окупација на германските нацистички воени сили. Но, тој период бил и предизвик за мештаните да се ослободат од туѓото владение, па за време на целата војна ги помагале партизаните…
Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: бесплатен влез
8 ФЕВРУАРИ (САБОТА), 18:00 Ч.
ЗА ДУША
(Sedmina / Funeral Feast)
Игран филм, Словенија
1969, 91 мин., колор, ДЦП
Режија: Матјаж Клопчич (Matjaž Klopčič)
Сценарио: Матјаж Клопчич, Бено Зупанчич (Matjaž Klopčič, Beno Zupančič)
Улоги: Раде Шербеџија, Снежана Никшиќ, Милена Дравиќ, Реља Башиќ (Rade Šerbedžija, Snežana Nikšić, Milena Dravić, Relja Bašić)
Филмот на Матјаж Клопчич се базира на истоимениот роман на Бено Зупанчич, чие дејствие се случува во Љубљана за време на Втората светска војна и окупацијата од италијанската фашистичка војска. Војната ја пореметува безгрижната младост на Нико (Шербеџија) и неговата средношколска симпатија Марија (Никшиќ).
Во станот на Нико се вселува италијанскиот офицер Карло. Сестрата на Нико, Филомена, флертува со офицерот. Нико е левичар и одлучува да му се приклучи на движењето на отпорот, но е ранет во една акција. Се крие во домот на Марија, од каде што треба да замине во партизани. Но, Нико е пред предизвикот да употреби оружје и за прв пат во животот да убие човек, макар тоа бил и непријателот. Во јазот меѓу љубовта и смртта, Нико е пред неговата последна акција во Љубљана која претставува премин од раната младост во сурова борба за место под сонцето…
Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: бесплатен влез
8 ФЕВРУАРИ (САБОТА), 20:00 Ч.
ДОЛИНА НА МИРОТ
(Dolina miru / Valley of Peace)
Игран филм, Словенија
1956, 82 мин., црно-бел, ДЦП
Режија: Франце Штиглиц (France Štiglic)
Сценарио: Иван Рибич, Франце Штиглиц (Ivan Ribič, France Štiglic)
Улоги: Џон Кицмилер, Евелин Волфајлер, Туго Штиглиц, Борис Краљ, Макс Фуријан, Јанез Чук (John Kitzmiller, Evelyne Wohlfeiler, Tugo Štiglic, Boris Kralj, Maks Furijan, Janez Čuk)
Дејствието на филмот се случува за време на Втората светска војна, на границата на Словенија и Австрија. Девојчето Лоти и момчето Марко останале сирачиња за време на сојузничките воздушни напади, и германските власти ги сместиле во сиропиталиште.
Откако Лоти ќе почне да му раскажува за „Долината на мирот“ каде што не паѓаат смртоносни бомби, Марко е уверен дека станува збор за местото во кое што живее неговиот чичко. Двајцата бегаат во планината, но по пат наидуваат на црномурест американски пилот чиј авион бил соборен. Тој ќе се спријатели со децата и ќе ги заштитува.
Во меѓувреме германската војска тргнува во потрага по американскиот пилот, која сака да го зароби, но по пилотот трагаат и партизаните, кои сакаат да го заштитат…
Филмот беше учесник на кансклиот фестивал во 1957 година, а американскиот актер Џон Кицмилер за улогата на пилотот ја доби „Златната палма“ за најдобра машка улога.
Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: бесплатен влез
9 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА), 20:00 Ч.
ВИСТИНСКИ КОПИЛИЊА
(To so gadi / Real Pests)
Игран филм, Словенија
1977, 96 мин., колор, ДЦП
Режија: Јоже Бевц (Jože Bevc)
Сценарио: Јоже Бевц (Jože Bevc)
Улоги: Берт Сотлар, Даре Валич, Мајда Потокар, Борис Каваца, Радко Полич, Милада Калезиќ (Bert Sotlar, Dare Valič, Majda Potokar, Boris Cavazza, Radko Polič, Milada Kalezić)
Комедијата на Јоже Бевц е позната и под насловот МАНГУПИ и е еден од најпопуларните филмови во словенечката кинематографија.
Главниот лик е Штебе, возач на градски автобус, е вдовец и живее со петте синови и куќната помошничка Рози. Неговите момчиња со своите мали шеги го прават очајно целото маалско соседство. Затоа се омаловажувани и нарекувани „копилиња“.
Рози се заканува дека ќе го напушти семејството изморена од мангупариите на петте момчиња. Кога ќе си замине, во куќата ќе пристигне нејзината внука Марија. Но, Марија не може да ги замени вештините на Рози во домаќинството.
Пријателот на Штебе, Тони, се интересира за Марија. Но, Марија е сè помалку и помалку дома, а Тони не знае што прави Марија, па затоа го организира враќањето на Рози. Сите се среќни кога Марија ќе ги открие незините „тајни отсуства“: посетувала часови во авто-школа за да стане возач на градски автобус….
Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: бесплатен влез
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.