На средбаta меѓу министерот за култура, Хусни Исмаили и амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин најавена манифестацијата „Денови на македонската култура во Руската Федерација“ чие одржување се планира до крајот на оваа година, како и реализација на проектот „Читај ја Македонија“ во Москва.

На средбата беше потенцирана одличната соработка меѓу двете земји во сферата на културата. Беше истакната и традиционалната  соработка во сферата на литературата и издавачката дејност, како и соработката во театарската дејност, стои во соопштението од Министерството за култура.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.