Манифестацијата „Денови на европско Скопје“, која е поддржана од Град Скопје, и оваа година по повод Денот на ослободувањето на Скопје го реализираше конкурсот за новинарски текстови за Скопје, под наслов „Мостовите на Скопје“. Наградите ги обезбеди Делегацијата на Европската Унија и истите ги врачи амбасадорот, Н.Е. Дејвид Гир.
Првата награда му беше доделена на текстот „На другата страна…“ на Светлана Божиновска, новинарка во ТВ 24, втората награда ја освои текстот „Рацете што ги спојуваат бреговите и нашите души“ на Јасмина Никова, новинарка во МРТ, додека третата награда му беше доделена на текстот „Скопје тече под сите мостови на Вардар“ на Светлана Блажевска, новинарка во весникот „Вечер“. Наградени се и есеите на Милева Лазова, новинарка во ТВ „Сонце“, и на Невена Поповска, новинарка во неделникот „Република“.
Целта на проектот „Денови на европско Скопје“ е да поттикне креативност, автентични идеи и иновативен дух кај младите архитекти, сликари, фотографи, новинари и уметници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.