Палатата Рота Иванчич во центарот на Венеција, од денеска до 24 ноември ќе биде место каде туристите и граѓаните ќе можат да го видат проектот „ Субверзија во црвено “ со кој ликовната уметница Нада Прља ја претставува нашата земја на 58 Венециско ликовно биенале. Проектот ќе биде распореден во 6 простории, во прекрасниот објект од 17 век.

Одиме со една инсталација, каде претежно се претставуваат скулптури и слики. Понатаму, изложбата продолжува со една голема маса, црвена маса, на која ќе имаме на денот на отворањето, во 19 часот, дискусија меѓу врвни теоретичари на Левицата, но исто така и критичари на уметноста, кои ќе зборуваат за тоа што претставува иднината за нив, изјави за Телма Нада Прља

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.