31.издание на Меѓународниот саем на книга ќе се одржи во период од 8 до 14 мај на просторот во салата „Борис Трајковски“
Организаторите соопштуваат дека свеченото отворање ќе се случи денеска (08.05.2019, среда) со почеток во19.30 – ВИП Арена Борис Трајковски.
На свеченото отворање на Саемот на книгата ќе се обратат:
Даниeла Глигоровска – извршен директор на Скопски Саем
Н.Е Ласло Иштван Дукс – Амбасадор на Р. Унгарија во Република Македонија
Ласло Багоши – унгарски писател
Влада Урошевиќ – Академик при МАНУ
Соња Стојменска – Елсезер – претседател на друштво на писатели на Република Македонија
Зоран Шапуриќ – министер без ресор во Владата, соопштуваат оттаму.
Во соработка со Скопски Саем, Унгарија и унгарската книжевност ќе бидат во фокусот на 31. Меѓународен саем на книгата во Скопје. На специјализираниот унгарски штанд, посетителите ќе имаат можност лично да се сретнат со авторите Едина Сворен и Ласло Багоши, како и со македонските преведувачи на унгарската литература Паскал Гилевски и Златко Панзов. Покрај врвните унгарски книги, ќе биде изложена и изложба на илустрации од современи унгарски детски книги.
Околу 70 издавачи од Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од ова издание на Меѓународниот саем на книгата. Сите значајни издавачки куќи од земјата ќе земат учество и покрај редовните штандови, имаат подготвено програма која изобилува со промоции, тркалезни маси и настани.
Културата е најдобриот начин да ја доближиме Унгарија пред македонскиот народ со кого имаме четврт век успешни билатерални односи, а Саемот на книгата е еден од најзначајните културолошки настани во областа на книжевноста, а секако покрај книжевноста имаме подготевно низа проекти преку кои ќе се претставиме и тоа во областа на музиката, танцот, фотографијата, гастрономијата и научни сознанија, изјавија од амбасадата на Унгарија во Република Македонија во пресрет на 31. Меѓународен саем.
По повод оджувањето на Саемот на книга, во соработка со ЈСП, за полесен пристап на посетителите на Саемот на книга, и оваа година се воведуваат две нови линии, 100 и 200. Линијата 100 ќе сообраќа од населба Ново Лисиче до ВИП Арена Борис Трајковски, додека линијата 200 ќе сообраќа од населба Дексион до ВИП Арена Борис Трајковски. Цените на автобуските билети се според официјалниот ценовник на ЈСП.
Поединечна влезница за Саемот на книга чини 30 денари, додека групната е 20 денари. Работно време на саемот е од 10.00 до 20.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.