По долга пауза поради пандемијата на корона вирусот, на Школка во Градскиот парк во Скопје денеска се одржува 18. издание на Детскиот фестивал „Поточиња“.
Публиката ќе има можност да слушне 11 нови песни, а низ фестивалот ќе ги води популарната маскота „Поки“.
Влезот за фестивалот е бесплатен, а организаторите информираат дека се организира согласно протоколите за заштита од Ковид-19.
Организаторите информираат дека поради пандемијата на корона вирусот, ограничен е бројот на деца-учесници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.