Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) денеска ќе заседава и треба да донесе одлука дали Охрид ќе биде ставен на Листата на светски културни и природни богатства во опасност или ќе добие дополнителен рок од две години за да ги спроведе препораките на УНЕСКО.
Вчера премиерот Зоран Заев изјави дека Македонија ќе ја почитува одлуката на УНЕСКО, каква и да биде таа. Инаку, Босна и Херцеговина предложи Охрид да добие дополнителни две години да ги спроведе препораките, меѓутоа Норвешка е таа која се спротивставуваше на овој предлог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.