Денеска на Канскиот фестивал светска премиера ќе има краткиот филм „Северен Пол“ по сценарио и режија на Марија Апчевска во киното „Дебиси“. Ова е прв македонски филм воопшто што ќе се трка за престижната „Златна палма“.
„Северен пол“ е меѓу десетте селектирани од вкупно 3.739 прегледани краткометражни филмови од страна на комитетот. Финалните 10 се во трка за освојување на престижната награда за краток филм. Победникот ќе биде објавен на свеченото затварање на фестивалот на 17 јули.
Ова е огромен успех за поновата македонска кинематографија и прв краток филм кој во самостојан Македонија успеал да влезе во некоја од главните натпреварувачки категорија на фестивалот од А-категорија.
Филмот е приказна за 16-годишна девојка која се обидува да пронајде каде припаѓа. Проектот беше еден од двата наградени филмови на програмата European Short Pitch – Nisi Masa, 2019. Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Филмот се снимаше во Скопје и Македонска Каменица.
Филмот во продукија на „Кино Око“ е поддржан од Агенцијата за филм. „Северен пол“ се снимаше на 16 мм лента и е копродукција меѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков. Негови конкуренти за наградата „Златна палма“ за најдобар краток филм се најнови наслови од: Иран, Франција, Данска, Косово, Португалија…
Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.