Од Дирекцијата за култура и уметност информираат дека денеска во рамките на „Скопско лето“ ќе се одржи концерт „Од класика до евергрин“ на Скопски солисти, во Салонот на Националната опера и балет со почеток во 20:30 часот. Диригент е Иван Еминовиќ, а солисти се Наде Талевска-Спасовска – сопран и Горан Наумовски – естраден уметник.Уметнички раководител е проф. м-р Васил Атанасов.
Билети онлајн на www.mktickets.mk и на денот на настанот пред концерт во Националната опера и балет, по специјална фестивалска цена од 200 денари.
Исто така, ќе се прикаже филмот филмот „Хотел Гагарин“ (HOTEL GAGARIN), (2018), Италија, со почеток во 21:00 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.
Дистрибутер: Cutaway
комедија / траење: 94 минути
косценарио и режија: Симоне Спада
улоги: Клаудио Амендола, Лука Арџентеро, Џузепе Батистон,…
награди: номинација за наградата „Давид ди Донатело“ за најдобар млад режисер, продуцентска номинација за наградата на Италијанскиот национален синдикат на филмски новинари.
Билети за сите филмски проекции се продаваат на влезот од Сули ан, пред почетокот на самата проекција по цена од 100 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.