На 20 декември 2018 год. во 19часот, во Музејот на применета уметност во Белград, Србија ќе се отвори Интернационалното Биенале ПОМЕСТУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ 4. Помеѓу авторите од Уругвај, Холандија, Бугарија и регионот селектирана е и нашата ликовна уметница Мирослава Микица Трујкановиќ која ќе се представи со делото “ЈАС,ТИ, ОНА, МАКЕДОНИЈА, НИЕ, ВИЕ, ТИЕ”, изработено во периодот помеѓу 2009 – 2018 год. Делото е вид на инсталација, составена од 15 висечки слики изработени во комбинирана техника на платно. Трујкановиќ е дваесет години активна на нашата и интернационалната ликовна сцена со учество на над 150 изложби во Македонија, Франција, Велс, Италија, Австрија, Полска, Египет, Тунис, Обединети Арапски Емирати, САД, Словенија, Хрватска, Србија, Турција…

На оваа изложба ќе се представат четриесет уметници и ќе се доделат три награди за најуспешни дела. Автори на проектот и изложбата се Снежана Пешиќ Ранчиќ и Маја Гечиќ. Проектот Поместување на границите е од концептуален карактер, што подразбира надминување на традиционално-модерното, применетото, додавајќи на делото уште една компонента, идеја – концепт кој нешто ќе пренесе низ сегашниот миг на постоење, живеење, преку современите материјали, низ препознатливата идеја во духот на времето, со појдовна точка од текстилот и облекувањето.

Проектот содржи изложба, предавања, панел дискусии, работилница и концерт. Генериран како изложба на секцијата ТИСО ( Текстил и современо облекување) и УЛУПУДС (Здружение на ликовни уметници на применета уметност и дизајнери на Србија). На изложбата ќе бидата застапени уметници од разни области на ликовната и применетата уметност.

Представувањето на нашата земја и уметница Мирослава Микица Трујкановиќ е подржано од Секторот за меѓународна дејност при Министерството за култура на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.