Најновата изложба на академскиот сликар Менсур Бојда насловена како My favorite things од вечерва, во 20 часот, ќе може да се погледне во Галерија Грал. Делата црпат инспирација од функционалноста, но и вештината на изработка на едно пијано кои создаваат разновидност на емоции, пораки и идеи и покрај едноставноста на искажувањето на истите преку црно-бели дирки.
Иако делата личат на скулптури и делат нивни одлики, уметниците инсистираат на тоа да бидат нарекувани слики, принудувајќи нè и да ги гледаме како слики. Делата на Бојда го оживуваат секој звук кој присутниот би сакал да го чуе или замисли. Галеријата како сцена, делата на Бојда повикуваат да отсвирите нешто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.