Премиерот Зоран Заев ексрепсно е информиран и запознаен со деталите зошто Оливер Белопета не добил пари за поддршка на неговите фестивали, од кои Џез фестивалот опстојува 37 години, а Офф фест 17, а ова е првпат овие фестивали да не добијат државна помош.
Смешно и трагично е кога ќе ви кажам дека ни еден документ нема доставено еден Џез фестивал. Ни еден документ. Го молеа до последен момент. Ни еден документ. По процедура, по протокол, по сè. Секако, нема да навлегувам во суштината на реакциите. Одлуката ќе се поништи и таа ќе биде објавена. Освен за националните институции, каде што нема реакции, а тоа се домовите на култура. Овде се направени фер распределби, но за сите други апликанти одлуката ќе биде поништена и ќе биде повторно донесена. Законот дава можност во итни, неодложни случаи, можеби во март ќе има некој фестивал, можеби во април, па на транспарентен начин… Да не заборавиме! Рековме че ги слушаме граѓаните. Граѓаните денеска реагираа. Имаат аргументи и од Минситерството за култура и од комисијата за култира. Но, имаат и граѓаните. Затоа, уште потранспарентно, одлуките ќе ги донесе самата Комисија за култура при Министерството за култура и нема кај да брзаме – постоиме за граѓаните. На уште потранспарентен начин ќе се донесат одлуките и ќе гледаме да биде задоволството колку што е можно поголемо.
Изјавата на Заев е скандалозна – тој потврдува дека конкурост е наместен, што го прави ништовен, дека парите не се поделени фер, и не се одлучувало транспарентно.
Со оваа изјава, исто така, Заев само ја потврдува изјавата на Оливер Белопета дека Скопскиот џез фестивал е одбиен поради лични причини на членовите на комисијата и дилетантизам.
Скандалозна беше и распределбата на државните пари за култура и минатата година, за време на министерувањето на Роберт Алаѓозовски.
Да, годишната програма е навистина заштитничка. Се заштити коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ. Во таа програма спорни се многу моменти, од моменти каде што има сериозни соменија дека има непотизам, дека се делени пари заради некои поинакви активности. Ако минатат влада која за 2017 година поддржала со годишната програма 1 593 проекти и беше обвинувана за популизам, овој состав на Министерството за култура кој што има поддржано повеќе од 2 650 проекти не е популистичка? Уште поалармантно е тоа што освен „стрпете се“ нема ниту една друга реакција од Министерството за култура, реагираше пред точно една година Роберт Вељановски, поранешен директор на Драмскиот театер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.