Малите нешта ги прават големите работи да изгледаат како што ние ги перципираме, вели Ренато Крљев, мастер готвач и декан и професор за Задарскиот факултет за гастрономија. Тој ќе има еднодневна презентација на Скопската недела на дизајн каде што ќе ги пренесе тајните на гатсрономијата од Задар и околина, а ќе говори и за малите нешта кои се клуч за успешен туризам и угостителство, соопштуваат од СДВ.
Презентацијата на задарската кујна е закажана за во 19 часот часот под наслов „Вкусот на Задар“ (Taste of Zadar) каде што готвачите од ресторанот „4 Кантуна“ од Задар ќе се претстават со нивните автентични рецепти. Краљев ќе одржи и мастер час за професионални готвачи, ќе бидат презентирани можности за вработување во ХОРЕКА секторот во Хрватска во реномирани туристички капацитети, а ќе биде промовирана и неговата книга „Кухарица” – тајните на далматинската храна.
Сите капацитети кои во последниве пет години чиј број се зголеми за 200 отсто, работат со полн капацитет од април до октомври. Зборувам за хотели, ресторани, кампови и други ХОРЕКА објекти. Не случајно Хрватскка увезува голем борј на сезонски работници од Македонија секоја година, и овој број само ќе расте во иднина. Кај вас во Македонија во последниве 10 години се води малку негативна кампања за Хрватска, се зборува дека Хрватска е скапа дестинација а дека Грција не е. Секојпат се исткнуваат само цените во Дубровник, кој е скап град, но другите градови имаат идентични цени со вашите, кои можат да бидат за 20 до 25 проценти повисоки во сезона. Анализите на пазарот покажуваат дека хрватските цени во поглед на тоа што ние го нудиме се многу попогодни и ценовно и културолошки, а да не спомнувам дека ние ја цениме многу Македонија и македонската култура, за разлика од другите земји, вели Краљев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.