Јужноафриканскиот писател и драматург Дејмон Галгут ја освои престижната Букерова награда за белетристика за романот „Ветување“.

Галгут, кој претходно беше номиниран во 2003 и 2010 година, ја подигна наградата од 50.000 фунти на свечена церемонија во средата.

Во средата, жирито на Букеровата награда го прогласи Глагут за победник, фалејќи го неговиот роман за „необичниот наративен стил кој е мешавина на фокнеровaта динамичност и набоковата прецизност, која ги поместува границите“. Според жирито, романот е тестамент за цутењето на романот во 21 век.

„Ветувањето“ е деветата книга на Галгут, кој веќе е признаен помеѓу книжевните критичари поради заканувачкиот и мрачно смешен портрет на семејството Сварт, потомци на холандски доселеници, кои очајно се држат за својата фарма и статусот во Јужна Африка по Апартхејдот. Книжевните критичари ја споредија неговата експериментална проза со модернистичките мајстори како Вирџинија Вулф, Џејмс Џојс и Вилијам Фокнер, додека други го забележаа неговото влијание од јужноафриканскиот писател Џон Максвел Куци.

Во освртот за „Ветувањето“ во „Њујорк Тајмс“, Галгут е претставен како весел сатиричар кој мрзливо ја искривува бесмисленоста и лицемерието на неговите ликови.

Насловот на романот „Ветувањето“, поентира на неисполнетото верување за социјална еднаквост по завршувањето на Апартхејдот, како и ветувањето на матријахатот дека ќе ја остави куќата во наследство на црната слугинка Саломе, која пак предизвикува немир во фамилијата.

Букеровата награда е годишна награда за најдобриот томан напишан на англиски, а објавен во Велика Британија и Ирска. Минатата година, наградата падна во рацете на Даглас Стјуард за „Шуги Бејн“, автобиографски роман кој го опишува живеењето во Шкотска со мајка алкохоличарка. Во 2019 година, добитници на Букеровата награда беа Бернардин Еваристо и Маргарет Атвуд.

Од 2014 година, наградата е отворена за секоја роман напишан на англиски јазик и објавен во Британија. Претходно, беше ограничена само за автори од Британија, Ирска, Зимбабве и земјите од Комонвелтот.

Галгут е третиот автор од Јужна Африка кој ја добива Букеровата награда, по Надин Гордимер и Куци, кои два пати ја добиле наградата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.