Во рамките на турнејата B Matinee, утре, на 28 јули на Которарт фестивалот премиерно ќе се изведат 5 нови композиции, напишани по нарачка на NO BORDERS ORCHESTRA од петте најактуелни композитори од Балканот, меѓу кои и композицијата „FairVent” од македонската композиторка Дарија Андовска, за гудачки оркестар, перкусии и електроника.

Балканската турнеја понатаму продолжува во Призрен, Сараево, Марибор, Загреб, Белград на реномирани фестивали, а со двата концерта во светски познатиот клуб Berghain во Берлин NBO продолжува со европска турнеја.

Концертите во Berghain ќе бидат снимани од Deutsche Gramophon, а ќе се издадат на носач на звук од Universal Music.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.