Дарија Андовска е композиторка, пијанистка и авторка на оркестарска, камерна, солистичка, вокална музика, музика за филм, театар и танц, како и на мултимедијални проекти. Нејзините дела се изведувани на бројни домашни и светски фестивали, почнувајќи од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Франција, Белгија, Англија, Ирска, Данска, Шведска, Норвешка, Украина, Азербејџан, Австрија, Албанија, Русија, Мексико, Канада, Полска, Романија, Ерменија, Турција, САД, а наградувана е како една од важните млади композитори во Европа и од Балканот.
Во интервју за „Фактор“, Андовска вели дека укинувањето за „Денови на македонска музика“ е скандалозно.
На реномирани уметници, фестивали, манифестации им се ускратуваат средстава или сосема се укинуваат на сметка на финансирање тотално небулозни проекти, кои воопшто е прашање дали припаѓаат во областата на културата, како саем за фризури на пример. Фестивалот „Денови на македонската музика“ е фестивал на невладина организација, Сојузот на композитори на Македонија, кој од 2003 година е под покровителство на Претседателот на Република Македонија. Согласно периодите, тоа беше г-динот Бранко Црвенковски, па потоа г-динот Ѓорги Иванов. Ете, толкава е важноста на фестивалот и големината на прашањето за мериторниот систем.
Во моментов се пишува приговор кон решението од Министерството за култура. Ќе го чекаме конечното решение, па во склад со тоа ќе ги обмислиме понатамошните чекори и соодветни реакции, вели Андовска за „Фактор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.