Кралската гробница од античкиот археолошки локалите во Бонче во Прилепско има континуитет на некрополи од речиси 2500 години, констатираат археолозите кои деновиве ги продолжуваат истражувањата на локалитетот.
– Локалитетот се истражува 15-тина години. Според гробницата, знаеме дека тука е погребан, со сите почести, голем пелагонски великодостојник, вели професор доктор Антонио Јакимоски од Институтот за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје.
Археолозите сѐ уште немаат потврда дека тоа е главниот град на македонските Пелагонци, но со сигурност се знае, вели Јакимоски, дека тука има континуитет на некрополи и во средниот век, па речиси цели два и пол милениума.
– Ни треба сигурна потврда за главниот град на македонските антички Пелагонци. Ова е 15-та година како истражуваме на овој локалитет/ Имаме регистрирано над 20 локалитети, има голем град, но без натпис не може да кажеме дека со сигурност е ова Пелагонија. Претпоставуваме дека станува збор за античкиот град Пелагонија кој бил главен град на четвртата македонска америда по поделбата на римската власт, вели Јакимоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.