Ликовната уметница Марија Павловска ќе се претстави на Биеналето во Фиренца.

Павловска се претставува со Проектот „Mrs & Ms X” („Госпоѓа и Госпоѓица Х“). Овој проект е изработен во последните две години (2019-2021) и содржи Инсталација (Полиптих – серија цртежи) поддржан со Видео – материјал.

Преставувањето на проектот на ХIII Биенале на Фиренца 2021 година е поддржано од Уметничкиот центар, Музеј МАНА Контемпорари / МОНИРА Фондација – САД.

Павловска веќе осум години работи во уметничко ателје – при програмата за уметнички резиденции од Центарот/ Музејот Мана Контемпорари: МАНА уметник / Мариа Павловска; и проектот ‘Г-ѓа и Г-ѓица Х’ е изработен во тој простор 2020-2021, како пост –реакција, развиен после проектот ‘А Реакција’, кој состои дела и за кои исто во продукција на МАНА Контампори се реализира видео материјал , проект кој беше исто забележан и поканет да се претстави на 58-то Венециско Биенале 2019 и исто така доби поддршка од МАНА при реализирањето на претставувањето.

Врз основа на интернационална активност на полето на ликовното, делото на Марија Павловска кaкo забележано во интернационални размери e покането да се претстави на лична покана од директорот Јакопо Целона (Јacopo Celona) и од страна на кураторите – комитетот на престижното XIII-то Биенале во Фиренца што ќе се одржи од 23 до 31 октомври 2021 година. Темата на XIII-то Биенале во Фиренца е: ETERNAL FEMININE / ETERNAL CHANGE (ВЕЧНА ФЕМИНИНА / ВЕЧНА ПРОМЕНА).

Да се биде забележан како автор во интернационални размери и поканет за учество на Биеналето во Фиренца претставува особена чест и успех за еден автор. Претставувањето несомнено придонесува за развојот на националниот интерес на Република Македонија. Поканета сум во интеранционални размери да учествувам на Биеналето во Фиренца што претставува сатисфакција за она што го работам. Да се биде лично поканет автор со забележана работа на автентичен израз во интернационални размери е чест, потврда и резултат, вели Павловска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.