Младинскиот културен центар од Скопје и словенското Кино Шишка од Љубљана продолжуваат со меѓународната програма во рамките на која вечерва (16 јуни) онлајн ќе се одржат два настани, „Црнила Ремикс“ и „Pijammies“.
Од 21 часот, Кино Шишка го организира настапот на словенскиот фанк-џез состав „Pijammies“, додека во 22 часот следува „Црнила Ремикс“ во организација на МКЦ.
„’Црнила Ремикс’ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на ‘Зад Аголот’ нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп субкултурата“, се вели во најавата.
Режија на „Црнила Ремикс“ е на Јордан Симонов, а музиката на Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад Аголот“).
Улогиги толкуваат: Луков – Стефан Вујисиќ, Фезлиев – Александар Михајловски Хонда, Иван – Владимир Петровиќ, Методи – Горан Ников, Младичот – Ненад Анѓелковиќ, Неда – Сања Арсовска, Христов – Павле Димковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.