Во едицијата „Современа македонска проза“ на Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат книгата со раскази „Чувар на тајни“ од Јован Стрезовски. Во своето најново дело познатиот автор застапува кратки раскази, во кои ја отсликува реалноста на нашето секојдневие.

Јован Стрезовски (Подгорци, 1931) спаѓа во редот на најпознатите македонски писатели. Автор е на богат поетски и прозен опус. Според сценарио на неговиот култен роман „Води“ снимен е антологискиот игран филм на Бранко Гапо, под наслов „Време, води“.

За своето творештво Стрезовски е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на наградите „11 Октомври“, „Стале Попов“ и „Ацо Шопов“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.