Познатиот чилеански писател Луис Сепулведа, кој беше заразен со корона вирус на крајот на февруари, почина од оваа болест во болницата во Овиедо каде што се лекуваше, потврди за шпанската агенција Ефе портпарол на семејството на писателот.

Сепулведа (70) живееше во северна Шпанија а дека е заразен со вирусот открил откако се вратил од патувањето во Португалија.

Неговата сопруга исто така била заразена, а парот веднаш бил сместен во универзитетската болница во Астурија, каде бил лекуван од пневмонија.

Сепулведа исто така беше новинар, сценарист и режисер, познат и како противник на режимот на Пиноче. Најпознатите книги на Сепулведа се „Стариот човек што чита љубовни романи“, „Светот на крајот на светот“, „Дневникот на сентименталниот убиец“ и „Кајман“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.