Од денеска до 28 септември ќе се одржи централно одбележување на Европските денови на културно наследство. Темата на годинешното издание, која е прифатена низ цела Европа, е „Инклузивно наследство”.
Во рамки на манифестацијата, денеска напладне во Музејот на Република Македонија ќе биде отворена изложбата „Нематеријалното културно наследство на Словенија во светлото на конвенцијата на УНЕСКО”.
Изложбата се реализира во соработка со Словенскиот етнографски музеј од Љубљана. Автори на изложбата се д-р Нена Жидов и м-р Ања Јерин.
Во Даут Пашин Амам ќе се реализира „Постојаната поставка на Националната галерија- постулат за растеж на македонската култура (1951-2021)”., а на 28-ми ќе се одржи едукативна работилница „70 години од првата Национална поставка” (1951-2021) со деца бошњаци, по повод Меѓународен ден на бошњаците.
Во Чифте Амам до 28 септември ќе биде изведена инсталација во простор „ГЛУВА СОБА” на Стојан Павлески, а во Мала станица ќе биде прикажана „ДОПИРОТ”, што е дел од проектот „НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ”.
На 22-ри ќе се одржи работилница „Иднината е овде I: Одржливо производство на хартија”, со ученици од програмата за меѓународна диплома од Училиштето „Јосип Броз Тито”. На 23 септември кураторско водство низ изложбата „Допирот”, а на 24-ти ќе има работилница за деца со посебни потреби од Училиштата за оштетен слух и говор ДУЦОР „Партениј Зографски” и за деца со оштетен вид „Димитар Влахов” под наслов „Прифати го другиот и освести ме”. На 27 септември ќе се одржи онлајн дискусија „Кога уметноста и науката се преклопуваат”.
Според организаторите, Европските денови на културнотo наследство претставуваат нajшироко прифатен партиципативен културен настан што го споделуваат граѓаните на Европа.
Низ повеќе од 70.000 настани што се организираат во пеесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција, оваа сеевропска иницијатива има за цел да ја подигне свеста кај пошироката јавност за заедничкото – европско наследство. Во текот на повеќедецениската реализација, Европските денови на културното наследство пераснаа во најголем европски проект поврзан со наследството, којшто успешно ја промовира инклузивноста и ја поттикнува креативноста и имагинацијата на граѓаните на Европа, соопштија од Националната галерија, која традиционално зема учество во одбележување на манифестацијата на европско ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.