3 милиони и 600 000 денари, толку е вреднувана оваа година програмата за работа на струмичкиот центар за култура од страна на ресорното министерство. Со овие средства треба да се подготват новите театарски премиери, да се реализираат музичко сценските проекти, проектите на уметничката галерија во чиј склоп е и една од најстарите ликовни колонии на Балканот. Од центарот за култура во Струмица велат ваквата распределба на средствата за нив била разочарувачка посебно ако се земе во предвид дека се работи на национална институција која е носител скоро на сите манифестации и културни случувања не само во Струмица туку и регион.
Има голем дисбаланс, има средства доделени онаму каде што најмалку треба повеќе средства или онаму каде што националните установи треба цела година да работат има многу малку средства. Театарската дејност е сведена на три премиери што е многу малце за Струмица. Ние еве годинава направивме една премиера уште на почетокот на годината, тоа е една детска претстава за да надополниме она што министерството нема да го финансира. Со сопствени средства го направивме.
Посебно разочарување била сумата со која треба да го одбележат јубилејот 70 години театар во Струмица.
Имаме одобрено само 150 000 денари што е многу малку пари за таков јубилеј. Конкуриравме за монографија театарот во Струмица 70 години, добивме само 120 000 денари што е исто така многу малку пари.
Кога се во прашање инвестициите и подобрувањето на условите за работа годинава воопшто нема одобрено средства. Од центарот за култура Антон Панов се надеваат дека оваа одлука нема да биде конечна и министерството ќе направи нова распределба на средствата. Очкуваат нивните аргументи да бидат прифатени на закажаната средба помеѓу сите директори на центрите за култура со заменик министерот . Поддршка очекуваат и од премиерот Заев.
извор:сител.тв
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.