Центар за култура-Битола ги пренамена сретствата за прослава на јубилејот за Клиничката болница во Битола.

Центарот за култура од Битола, инспириран од потегот на Македонската филхармонија, по добиената согласност од Министерство за култура и Управниот одбор на институцијата, одлучи да се вклучи со донирање на средства од сопствена сметка во висина од 120.000ден на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски “ во Битола.
Ова е можеби симболична сума за битката со COVID-19, но за нас е значајна.

Овие средства беа наменети за настани поврзани со јубилејот 40 год од нашата институција, кои оваа пролет не очекуваа.
На овој начин сакаме да им оддадеме признание на сите наши херои кои работат во Клиничка Болница Битола, исто како што тие ни даваа безброј аплаузи на многу наши настани како дел од драгата наша публика.

Сакаме сето ова да помине како лош сон и да ги одржиме настаните кои ги планиравме и да ги наполниме очите и ушите со концерти, изложби, промоции, предавања, претстави….кои денес сфаќаме колку многу значат во животот.
Останете дома, на сигурно…за наскоро да се сретнеме и прегрнеме со убави мисли.

 

Центарот за култура од Битола, инспириран од потегот на Македонската филхармонија, по добиената согласност од…

Posted by Центар за култура Битола on Friday, 10 April 2020

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.