Писателката Румена Бужаровска реагира на распределбата на средствата од Годишната програма на Министерството за култура и резултатите од годишнитe конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2019 година.

Со партиското и непрофесионално назначување на министерот за култура чие име полека ќе го запамтиме по тоа колку е неподобен, Владата на РМ нанесе непоправлива штета на културата, страшно ги понижи сите дејци во ова поле, а нанесе и срам по етничка основа. Имено, таа створи вештачка етничка поделба, иако вистинската поделба е меѓу професионалци и партиски вработени недоветни полтрони. Владата на РМ очајно се зафркнала што срамно го потцени фактот што културните работници се јавни личности коишто имаат огромно влијание врз јавното мислење, пишува Бужаровска на Фејсбук.

Годинава ќе се постават само 4 македонски текста од тројца автори, а еден од нов е и текст на Бужаровска. Во Драмскиот театар ќе биде поставен текстот „Мојот маж“, а ќе го режира Нела Витошевиќ. За претставата биле побарани 2.388.150 денари, а Министерството одобрило 1.000.000.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.