По три краткометражни филмови и 10 освоени награни на меѓународни фестивали, продуцентот Бунјамин Куртиши го најавува долгометражниот филм „Кома“. Продукцијата бара актери од 30 до 65 години и актерки од 25 до 65 години на отворен повик за кастинг. Повикот трае до крајот на овој месец, а сите заинтересирани можат да се пријават на kurtishibunjamin@gmail.com.

Филмот „Кома“ , во режија на Агим Абдула и во продукција на „Галактика пиктурес“, во категоријата долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел – дебитанти, доби највисока сума од Агеницијата за филм, 23 милиони денари (над 370 илјади евра).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.