Во чест на 100-годишнината од раѓањето на големиот полски автор и футурист Станислав Лем, денеска, во 17 часот, ќе се одржи настан на кој за научната фантастика и влијанието на Лем врз светската книжевност ќе дискутираат: Милица Миркуловска, Ивица Дукоски, Зоран Милошевски и Владимир Симовски, а ќе се вклучи и Виктор Јазневич од Белорусија, приредувач на книгата „Светот на Станислав Лем“. Модератор на настанот ќе биде Александар Маџаровски.
Во 19 часот, ќе биде претставена книгата „Под двете сонца“ од авторот Огнен Спахиќ од Црна Гора. Книгата ќе ја промовира Оливера Ќорвезироска, а модератор на настанот ќе биде Владимир Јанковски.
По оваа промоција ќе бидат претставени и книгите „Пченкарнозлатна коса, сиви очи“, „Од устата на китот“ и „Сината лисица“ од гостинот од Исланд, Сјон. Промотори на неговите книги ќе бидат Владимир Мартиновски и Јулијана Величковска. Последен настан на оваа фестивалска вечер е промоцијата на книгата „Сведокот“ од Балсор Хоџа, гостинот од Косово. Неговата книга ќе ја претстави Александар Маџаровски. Сите промоции ќе се одржат во киното „Фросина“ при МКЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.