Министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес конференција изјави дека околу третина од обврските на министерството за оваа година се пренесуваат за следната, поради ребалансот во месец мај оваа година, кога буџетот за култура е скратен за 30% и затоа што во јуни и јули оваа година од неразбирливи причини се склучувале Анекси на договори за зголемување на сумите во одредени дејности, како и прифаќање на проекти по жалба, кои претходно биле одбиени.
Изминативе неполни три месеци се соочуваме и решаваме голем број предизвици во Министерството за култура, свесни дека се наоѓаме пред една година која нема да биде помалку лесна од претходната. Работиме посветено за да креираме култура која ќе биде во релација со реалноста, а тоа е дека Буџетот за 2020 година длабока стапнал на чергата за 2021 година. Околу една третина од обврските за оваа година се пренесуваат за следната од две причини: поради ребалансот во месец мај оваа година, кога Буџетот за култура е скратен за 30% и затоа што во јуни и јули оваа година од неразбирливи причини се склучувале Анекси на договори за зголемување на сумите во одредени дејности, како и прифаќање на проекти по жалба кои претходно биле одбиени, изјави Стефоска.
Стефоска додаде дека наместо после ребалансот, кој е Закон, да дојде до кратење и на средствата во дејнстите, се случувал обратен процес.
Откако дојдов на функцијата побарав отчет за секој потрошен денар и за секој долг на министерството кој се прелевал од година в година. Веднаш од тие причини го екипиравме одделението за внатрешна контрола во секторот финансии, ја активиравме и внатрешната ревизија чиј извештај за една од дејностите е поразителен и оди на понатамошна постапка во соодветните институции. Од тие причини исплатите се малку забавени. За да не ја доведеме културата во истата или слична „стапица“ посветено работевме овие два месеци и на Државниот завод за ревизија од Извештајот од 2017 година, а во врска со начинот на распределба на средствата од годишните конкурси. Наша цел е кај сите корисници, независно од исходот на конкурсот, да преовладее чувството дека целиот процес бил спроведен во фер постапка, истакна Стефоска.
Министерката додаде дека и покрај сите предизвици заштитата на културното наследство, поддршката на идеите и креативноста кај младите и ЕУ интеграциите, остануваат нивни врвни приоритети и за следната година.
Предлог буџетот за 2021 година за културата изнесува 53 милиони евра. Средствата наменети за финансирање на проекти од национален интерес во културата во 2021 година изнесуваат околу 15 ипол милиони евра. Предлог буџетот за култура во однос на целиот Буџет на Македонија е 1,23%, а во однос на буџетот за 2020 година е намален за 10 милиони денари. Буџетот за 2021 година велиме дека е реален и прилагоден на околностите и е проектиран во согласност со здравстевната и економската криза предизивикана од КОВИД-19. Успеавме да имаме приближно ист буџет како минатата година, скратени се средствата во културата, како и во сите други министерства, бидејќи во овој момент се соочуваме со здравствен предизвик чие побрзо надминување е во наш интерес, истакна министерката.
Таа додаде дека во предлог Буџетот за 2021 година се предвидени повеќе средства за исплата на платите на вработените устанвите од култура согласно потишаниот колективен договор за култура, ќе се предвидени се средства за нивелирање на платите на директорите на националните и локалните установи. и предвидени се и средства во висина од 5 милиони денари за поправки и тековно оддржување на објектите на националните установи, од кои голем дел се изградени пред 30 години.
Предлог буџетот за 2021 година со кои се предвидени средства за работа на Министерството за култура и за управата на заштитана националното наследнство изнесува 240 милиони 283 илјади денари, од кои 2 милиони денари се предвидени за набавка на софтвер и хардвер за современо функционирање на министерството и за набавка на соодветна информатичка опрема. Во рамки на Буџетот од следната година отвораме нова програма наречена културно наследство во опасност, за која се одвоени 12 милиони денари, додаде Стефоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.