Поради дождовите во три фестивалски вечери и одложените POPUP програми, Фестивалот  на европски филм Синедејс, продолжува за уште ден, до 22 јули, за да се реализира целата планираната програма, информираат организаторите.

Вечерва, во склоп на програмата на фестивалот, во Градски парк ќе се прикажуваат Quo vadis, Aida? со почеток во 20:30 часот и Бенедета од 22:30 часот.

Во парк Ибни Пајко, со почеток во 21 часот ќе се прикажува Егзил, а од 23 часот ќе биде Мир и хармонија.

Во кино МКЦ Парк ќе се прикажува Nowhere special од 21:30 часот, а во кино Милениум од 22:30 часот ќе се прикажува филмот Dear Comrades!

Од еко филмската програма, во кино Фросина ќе се прикажува Активист со почеток во 19 часот.

Билетите за „Синедејс“ чинат 100 денари, за сите концерти и филмови, освен за филмовите од POP-UP кино, кои се бесплатни.

Со секој купен билет за филм, има и пропусница за cinEmusic програмата предвидена за тој ден.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.