Со детскиот филм „Стаклено момче“ во 11 часот во кино „Милениум“ почнува денешната програма на 20. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Скопје кој ќе трае до 21 јули, на отворено. Потоа во 13,30 часот е „Рока го менува светот“.

На третиот ден од Фестивалот, во гала програмата вечерва во 20.30 часот, во Градскиот парк ќе биде прикажан „Три ката“ во режија на Нани Морети. Филмот е приказна за три семејства што живеат во три стана во иста зграда. Во 22.30 часот во Градски парк ќе биде прикажан „Ане ја нема“ на Давид Перез Санудо.

Филмот „Улиште“ на Блерта Башоли, филм од официјалната селекција ќе биде прикажан во Парк Ибни Пајко. „Улиште“ е копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија.

Во 23 часот ќе биде прикажан „Спирала“ на Чечилија Фелмери. Приказна за необичен триаголник крај мистериозно езеро, помеѓу еден маж и две жени.

Во Кино МКЦ парк на програмата е „Меморија“ во режија на Апичатпонг Веерасетакул. Во 23.30 часот ќе биде прикажан „Со среќа дупење или улаво порно“. Во popup киното на Кејот на Вардар во 20.30 часот во Карпош амфитеатар ќе следува еко филм програма, а во 21.30 часот на одбојкарското игралиште.

Пред платото на МКЦ, во 23.20 часот ќе биде претставен меѓународниот проект Living music. Ментор на проектот е композиторката Дарија Андовска.

Билетите за Синедекс чинат 100 денари, за сите концерти и филмови, освен за филмовите од POP-UP кино, кои се бесплатни. Со секој купен билет за филм, има и пропусница за cinEmusic програмата предвидена за тој ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.