Во рамките на 47. Мајски оперски вечери на 22 мај 2019 со почеток во 20.00 часот ќе биде изведено оперското ремек дело „Боеми“ од Џакомо Пучини.
Операта e во четири чина, чие дејство се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а чие либрето се базира на „Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер.
Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај сиромаштија и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев) живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, а без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски.
Диригент е Оливер Балабурски, режисер: Дејан Прошев
Настапува врвна солистичка екипа: Во улогата на Родолфо ќе настапи добро познатиот тенор Иван Момиров од Бугарија.
Цветелина Василева од Бугарија со својот уникатен лирско – драмски сопран ќе ја изведе улогатана Мими. Таа има богата музичка кариера настапувајќи низ најпрестижните оперски куќи како што се Метрополитен во Њујорк, Кралската опера „Ковент Гарден“, Државната опера на Берлин и многу други низ целиот свет.
Валдис Јансонс од Латвија ќе настапи како Марчело, Андреа Ѕаупа од Италија во улогата на Шонар, додека заводливата Музета ќе ја толкува Катерина Стојановска, а Владимир Саздовски ќе ја игра улогата на Колин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.