Денеска пред Културно информативниот центар во Скопје ќе се одржи трибина на тема „Блаже Конеки денес“ по повод 100 години од неговото раѓање, а исто време во организација на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, во Штип се одржува конференција посветена на Денот на македонскиот јазик.
Одбележувањето е во согласност со планот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, а ќе присуствуваат и претставници од Македонската академија на науките и уметностите, ректоратот на УГД и Филолошкиот факултет, а почнува во 13 часот.
На трибината во КИЦ ќе учествуваат, Димитар Пандев, Бобан Карапејовски и Бојан Петревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.