Благоја Стефановски-Баге е годинешниот добитник на највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември“ за животно дело, што Општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.
Благоја Стефановски-Баге е со богата професионална кариера. Во периодот од 1975 до 1980 година бил директор на НУ Народен театар – Битола, а бил и претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето“„ претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на други домашни и меѓународни фестивали и манифестации.
Стефановски вршел и други јавни функции. Во периодот од 1994 до 1998 година година беше пратеник во македонскиот Ппарламент, а во периодот од 2002 до 2006 година беше министер за култура.
Со одлука на Општина Битола, годишни награди и признанија на свечена академија ќе им бидат врачени на Васко Михалчев, Ѓорги Лазаревски, Марија Росенгрен, Марија Младеновска-Димитровска, Јасмина Буневска, детската градинката „Мајски цвет“ и на печатницата „Киро Дандаро“, сите од Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.