Во Народниот театар Битола завршија подготовките за премиера на претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ во режија на Марјан Ѓорѓиевски, закажана за 19 февруари во Битола.

Станува збор за театарски проект инспириран од делото „Мостот“ на Лорен ван Велтер, за кое превод од бугарски на македонски јазик подготви Александар Копања.

Капитализмот е на тест. Слободата и демократијата ги злоупотребуваме, живееме во автоцензура и предвреме се откажуваме од вистинското битисување, осамени сме и изгубени трчајќи по лажните вредности. Кој е вистинскиот човек денес? Каков треба да биде? Колку маски ставаме за да функционираме во изместената реалност, со ничкосани норми? Стравот за смртта и стравот од тоа вистински да се живее, најавува режисерот Ѓорѓиевски во пресрет на премиерата в петок.

Актерот Александар Копања во претставата ќе настапи во улогата на човек од висока класа, улогата на човек од средна класа ја толкува Марјан Ѓорѓиевски, а улогата на просјакот му е доделена на Валентин Светозарев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.