НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола, ќе избира најдобра фотографија на тема „Книгата и зимата“.


Од Битолската библиотеката информираат дека наградата за најдобра фотографија ќе биде-книга.


-Нашата намера беше на нашите читатели да им понудиме дополнителни креативни зимски денови, посебно на учениците кои се на распуст. Изборот на најдобрата фотографија ќе го извршиме на 21 јануари, а до тогаш има време за испраќање фотографии, посочија од тамошната национална установа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.