Портетерот на еден од највлијателните и најважни личности во културата на Македонија, драматургот Горан Стефанофски е исцртан на дел од ѕидот на rакометното игралиште во Битола, а исто така испишан е и цитат од неговот дело „Тетовирани души“.

Стефановски е роден во Битола на 27 април 1952 година, а почина на 27 ноември во Велика Британија, на 66 годишна возраст, објави „Апла.мк“.

Целиот мурал е ицртан од членовите на Медиа/Арт – Битола на Младински образовен форум, кои во текот на учебната година стекнаа знаења и вештини за применување на уличната уметност, а ова беше нивниот завршнен настан насловен „Тетовирани ѕидови“.

Стефановски преку своите дела ни ја претставува историјата на македонскиот народ со сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политички разијадувања, стремежот за подобро утре. Поради тоа претставува и наша „муза“ која нѐ инспирира да бидеме активни граѓани и да направиме активности со цел разубавување на јавниот простор“ посочуваат од МОФ Центар-Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.